Рецепт за домашни силиконски капки за коса од преубавите Индијки
Искинатите врвови и сувата коса се чест проблем кај жените и многу од нив решението го бараат во скапи силиконски капки. Доколку имате искинати краеви и оштетена коса, не очајувајте! Овој рецепт за домашни силиконски капки ќе ви биде од голема корист.
Сушмита е влогерка од Индија со прекрасна коса. Нејзината работа е да им покаже на сите девојки ширум светот како да ја негуваат својата коса. Рецептот кој го споделила неодамна, ги воодушевил сите девојки, бидејќи нема потреба повеќе да трошат пари за скапи силиконски капки.
Па, како да го порготвите? За овој рецепт потребни ви се 230 милилитри грчки јогурт, во кој ќе додадете една лажица глицерин. Измешајте и домашните силиконски капки се готови! Добиената смесата нанесете ја на краевите и оставете да делува 2 до 3 часа, и на крај измијте ја косата.
View this post on Instagram
Иако овој рецепт е корисен, природен и интересен, мора да знаете дека тоа е само прва помош. Доколку краевите на вашата коса се во критична состојба, најдобро е да појдете на фризер и да ја потскратите малку.
Погледнете го и овој одличен рецепт за шампон за мрсна коса.