Рецепт за домашни наполитанки: Морате да го пробате уште денес!

Рецепт за домашни наполитанки: Морате да го пробате уште денес!

Денес ви споделуваме рецепт за вкусни домашни наполитанки кој е толку едноставен за подготовка! Освен тоа, овој рецепт е вистински избор за сите оние кои се љубители на сувите колачи.

Рецепт за домашни наполитанки: Морате да го пробате уште денес!

Потребни состојки:

  • 300 грама млечно чоколадо
  • 370 грама сварено кондензирано млеко или слатка павлака
  • 250 грама мешавина од јаткасти плодови
  • обланди (2 кори)

Начин на подготовка:

1. Растопете го чоколадото, додадете го млекото и убаво измешајте.

2. Додадете ги јаткастите плодови и убаво измешајте.

3. Во калапот за колач ставете една обланда, намачкајте ја со смесата од чоколадо и јаткасти плодови и покријте ја со другата обланда. Оставете го калапот во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чоколадни колачи со вкус на Сникерс.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар