Рецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детството

Рецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детството

Доколку почнете веднаш, во следните 45 минути ќе имате цела тава крем банани

Рецепт за домашни крем банани кој ќе ве врати во детството

Потребни состојки:
  • 200 милилитри вода
  • 750 грама шеќер
  • 2 кесички желатин
  • 100 грама чоколадо
  • Eкстракт од банана (количината зависи од вкусот)
Начин на подготовка:

Турете ја водата во тенџере, додадете ѝ го шеќерот и оставете да зовријат. Откако ќе зоврие, оставете ја да се олади и потоа додадете го желатинот кој претходно треба да се измеша со малку вода. Вратете го тенџерето на тивок оган и мешајте 5 минути. Сипете ја смесата во сад и матете со миксер околу 5 минути, а потоа додајте го екстрактот од банана и продолжете уште малку со матење. Намачкајте ја тавата со масло и брзо сипете ја смесата, а веднаш потоа и ставете врз неа глазура од растопено чоколадо и разнесете ја рамноправно по целата површина. Оставете во фрижидер да се олади.

Имајте на ум дека според овој рецепт крем бананите се прават во тава и ќе добиете еден вид торта, но доколку успеете да најдете калапи со нивниот оригинален облик можете да ги направите и така. Или пак, бидете креативни и направете ги во различни облици по ваша желба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар