Рецепт за домашен сладолед без јајца и шеќер

Рецепт за домашен сладолед без јајца и шеќер

Во продолжение прочитајте го рецептот за брзиот рецепт за домашен сладолед. Сигурни сме дека нема да ве остави рамнодушни!

Основата на овој рецепт е кокосовото млеко во кое може да додадете чоколадо или кафе.

Рецепт за домашен сладолед без јајца и шеќер

Потребни состојки:

  • 385 милилитри полномасно кокосово млеко
  • 135 – 150 грама еритрол (по вкус, како замена за шеќер)
  • ¼ лажичка ксантанска гума (згуснувач, се добива преку ферментација на пченкарен шеќер)
  • ¼ лажичка сол
  • 480 грама шлаг
  • 4 лажички екстракт од ванила
  • 1 лажица вотка

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги кокосовото млеко, засладувачот и солта во тенџере на средна температура. Мешајте додека смесата не се изедначи, а потоа префрлете ја во блендер. Постепено додавајте ксантанска гума и мешајте додека смесата не се соедини целосно. Оставете ја да се излади. Треба да добие густа текстура како желе.

2. Во голем сад додадете шлаг и мешајте со миксер додека не добиете мека текстура. Додадете го екстрактот од ванила и алкохолот (по ваш избор). Смесата треба да биде густа, но и малку течна. Ако е премногу густа, разредете ја со кокосово млеко.

3. Оставете ја смесата во фрижидер (околу 4-6 часа). Доколку сакате да додадете и какао, кафе или мача, најдобро е да ги додадете во кокосовото млеко уште за време на приготвувањето. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за домашен сладолед, можеби ќе сакате да прочитате и рецепт за сладолед со кафе.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар