Рецепт за домашен ликер од јагоди - пијалак што освојува со неодоливата арома

Рецепт за домашен ликер од јагоди – пијалак што освојува со неодоливата арома

Сезоната на јагоди може да се искористи за правење домашен ликер што можете да го пиете во добро друштво или додека се релаксирате.

Рецепт за домашен ликер од јагоди - пијалак што освојува со неодоливата арома

Потребни состојки:

  • 1 килограм јагоди
  • 400 грама шеќер
  • 1 литар вотка
  • 100 милилитри рум

Начин на подготовка:

Измијте ги јагодите и отстранете ги дршките. Потоа изгмечете ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат покриени 12 часа.

Потоа, ставете ги јагодите во поголема тегла или во шише за вино и турете ги вотката и румот.

Затворете ја теглата цврсто и оставете ја да стои на ладно место 3 недели. Мешајте ги јагодите внимателно на секои 3-4 дена.

Кога ќе биде готов, треба да го исцедите ликерот низ густа газа, а потоа да го турите во стаклени шишиња.

Погледнете го и овој рецепт за микелада – мексикански коктел што лади и гори во иста голтка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар