Рецепт за домашен колач со сливи
Ви треба брз и едноставен рецепт за лесен колач? Рецептот за домашен колач со сливи е сè што ви треба за да подготвите слатка ужина. Ќе го обожавате и вие, но ќе биде и одличен додаток кој ќе можете да им го послужите на гостите покрај кафето. Еве што ќе ви биде потребно за да го направите овој домашен колач со сливи.
Потребни состојки за основата:
- 60 грама бел шеќер
- 30 грама маргарин
- 2 јајца
- 120 грама брашно
- 1 лажица прашок за печиво
- 1/4 лажица сол
- 1 лажица екстракт од ванила
- 10 поголеми сливи (исчистени и преполовени)
Потребни состојки за преливот:
- 120 грама бел шеќер
- 60 грама брашно
- 40 грама растопен маргарин
- 1/2 лажица цимет
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови, а тавата намачкајте ја со масло и посипете ја со брашно.
За да ја подготвите основата на колачот, ставете 60 грама од шеќерот со 30 грама маргарин во длабок сад и потоа изматете. Додајте ги и 120-те грама брашно, јајцата, прашокот за печиво, солта и екстрактот од ванила и продолжете со матење. Изматената смеса ставете ја во тава и одозгора наредете ги преполовените сливи.
За да го подготвите преливот, изматете ги 120-те грама шеќер со 60 грама брашно, 40 грама маргарин и цимет. Добиената густа смеса ставете ја врз наредените сливи и печете го колачот во рерна околу 35 минути.
Пробајте го и овој рецепт за највкусниот колач со кафе – десерт што не се пече.