Претходно
Рецепт за добар почеток на денот: Зелено холивудско смуди за убавина, здравје и добра линија
Одлична замена за појадок кога сте во брзање, а сакате да добиете утринска доза здравје, убавина и енергија додека истовремено позитивно влијаете на нашата линија
Потребни состојки:
- 350 милилитри вода
- 340 грама зелка, исечкана
- 3, 4 стапчиња целер
- 125 грама спанаќ
- 1 јаболка, излупена, исчистена од семки и исечкана
- 1 круша, излупена, исчистена од семки и исечкана
- 1 банана, излупена
- Половина лимон, исцеден
Начин на подготовка:
Обидете се да користите органско овошје и зеленчук. Добро измијте ги сите состојки, исечкајте ги и ставете ги во блендер заедно. За само неколку секунди ќе добиете вкусен и здрав пијалак.