Рецепт за десерт со наут: Толку е сочен!

Рецепт за десерт со наут: Толку е сочен!

Дали некогаш сте го пробале овој десерт? Станува збор за еден вид браунис и традиционално се подготвува со брашно, јајца, шеќер и путер. Десертот е неодоливо сочен. Доколку не сакате да користите состојки од животинско потекло можете да го направите со варен наут. Покрај протеините, наутот содржи железо, фолна киселина и други хранливи материи.

Рецепт за десерт со наут: Толку е сочен!

Потребни состојки:

  • 360 грама варен наут
  • 125 грама путер од индиски ореви
  • 150 грама кокосов шеќер
  • 85 грама јаворов сируп
  • 40 грама сечкани ореви
  • 20 грама овесни снегулки
  • 2 лажици цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Во блендер измешајте го сварениот наут, путерот од индиски ореви, кокосовиот шеќер, јаворовиот сируп, овесната каша, циметот, екстрактот од ванила, прашокот за печиво, сода бикарбона и малку сол. Мешајте сè додека не добиете еднолична смеса.

3. Префрлете ја смесата во подмачкан калап за колачи.

4. Додадете ги сечканите ореви.

5. Печете околу 30 минути. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за сочен десерт со наут, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вегански бургери од наут и тиква.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар