Претходно
Рецепт за денес: Плескавици од тиквички и сланина
Ако ви требаат нови идеи за ручек, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Потребни состојки:
- 2 тиквички
- сол
- бибер
- 2 јајца
- 50 грама сланина
- млад кромид
- 120 грама брашно
- 10 грама прашок за печиво
- кисела павлака
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквичките. Посолете ги и оставете ги 20 минути за да пуштат вода. Исцедете ги и ставете ги во друг сад.
Изматете ги јајцата и додајте ги во тиквичките, а потоа додајте ги ситно сечканиот кромид, сланината и брашното.
Додајте бибер и прашок за печиво, измешајте ги сите состојки, пржете ги во маст сè додека не добијат златно-кафеава боја.
Откако ќе бидат готови, нанесете кисела павлака и посипете со малку млад кромид.
Погледнете како да направите вегетаријански бургери од киноа и спанаќ.