Рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс

Рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс

Дали има некој кој не го обожува познатото американско чоколадо Сникерс кое претставува комбинација од млечно чоколадо, кикиритки и карамела? Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс!

Рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс

Потребни состојки:

  • 60 грама овесно брашно
  • 60 грама кокосов шеќер
  • 60 милилитри јаворов сируп
  • 60 грама јогурт
  • 50 грама путер од кикирики
  • 40 грама мелени бадеми
  • 20 грама протеински прав со вкус на чоколадо
  • 20 грама какао во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • прстофат сол

Потребни состојки за прелив:

  • 60 грама темно чоколадо
  • 50 грама путер од кикирики
  • 1 лажица јаворов сируп
  • 1 лажица кокосово масло
  • ореви за декорација

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Ставете хартија во садот за печење.

3. Подгответе ја смесата за колачињата: измешајте ги путерот, јогуртот, сирупот, шеќерот и екстрактот од ванила за да добиете еднолична смеса.

4. Во смесата додадете ги овесното брашно, мелените бадеми, протеинот во прав, какаото, прашокот за пециво и малку сол. Мешајте додека не се соединат сите состојки.

5. Обликувајте ги колачите и ставете ги во садот за печење. Внимавајте да има доволно простор меѓу нив за да не се залепат заедно за време на термичката обработка.

6. Печете ги колачите во загреана рерна околу 10 минути, а потоа оставете ги целосно да се изладат.

7. За подготовка на чоколадниот прелив доволно ви е растопено темно чоколадо и кокосово масло, а за карамел сосот измешајте путер од кикирики и јаворов сируп. Прелијте ги колачите со двата соса. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за чоколадни колачи со вкус на Сникерс, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за Сникерс палачинки.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар