Рецепт за чоколадна торта со малини и ф’стаци
Оваа чоколадна торта со малини и ф’стаци ќе стане вашиот омилен десерт.
Потребни состојки за кората:
- 250 гр урми без коски
- 50 гр бадеми
- 50 гр ореви
- 50 гр ф’стаци
- 50 гр кокосови снегулки
Измешајте ги сите состојки за кората во сечкач, а смесата треба да биде леплива. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 24 цм, обложен со хартија за печење и добро притиснете.
Потребни состојки за филот:
- 300 гр индиски ореви потопени во вода најмалку 4 часа
- 400 мл растително млеко
- 200 гр растопен кокосов путер
- 80 гр органско какао
- 200 гр мед / јаворов сируп
Во блендер измешајте ги сите состојки за филот и мешајте додека смесата не остане без грутки.
Ставете го филот во калапот преку кората и протресете го калапот за рамномерно да го распределите филот.
Останати состојки:
- 200 гр малини
Ставете ги малините во филот, така што нема да бидат видливи на врвот на тортата.
Ставете ја тортата да стои во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач најмалку 2 часа.
Украсете со ф’стаци.
Погледнете како да ја направите и оваа вкусна чоколадна пита со лешници.