Рецепт за чоколаден колач со овесни снегулки

Рецепт за чоколаден колач со овесни снегулки

Денес ви предлагаме рецепт за вкусен и едноставен десерт, идеален за оние кои не сакаат да поминуваат многу време во кујната.

Рецепт за чоколаден колач со овесни снегулки

Потребни состојки:

  • 200 грама овесни снегулки
  • 500 милилитри топла вода
  • 3 зрели банани
  • 2 јајца
  • 50 грама мелени бадеми
  • 1 лажица прашок за пециво
  • 2 лажици шеќер
  • 30 грама какао во прав
  • 100 грама темно чоколадо

Состојки за фил:

  • 250 грама јогурт
  • 2 лажици сируп од агаве или друг засладувач
  • 2 лажици какао во прав
  • чоколадни трошки (по избор)

Начин на подготовка:

Оставете ги овесните снегулки да отстојат во вода околу 15 минути. Излупете ги бананите, изгмечете ги со виљушка, па измешајте ги со овесните снегулки. Изматете ги јајцата и додадете ги во смесата со овесните снегулки, па додадете ги мелените бадеми, шеќерот, какаото, прашокот за пециво и парчињата чоколадо. Сè убаво измешајте за да добиете еднолична смеса. Намачкајте го со масло садот за печење, па врз него рамномерно распоредете ја смесата. Печете на 180 степени целзиусови околу 40 до 45 минути. Изматете ги јогуртот, сирупот од агаве и какаото во прав. Убаво измешајте со лажица да се соединат состојките, па нанесете го филот врз колачот и одозгора посипете чоколадни трошки. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и едноставниот рецепт за колач со пудинг и банани.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар