Рецепт за чизкејк со кокос: Се топи во уста!

Рецепт за чизкејк со кокос: Се топи во уста!

Го сакаме чизкејкот на 1001 начин, а со доаѓањето на потопло време баш би ни годела „полесна“ варијанта со кокос. Во продолжение прочитајте го нашиот едноставен рецепт за чизкејк за кој ви се потребни само седум состојки.

Рецепт за чизкејк со кокос: Се топи во уста!

За основа:

  • 200 грама чајни бисквити по желба
  • 70 грама стопен путер

За фил:

  • 450 грама крем сирење
  • 250 милилитри шлаг крем
  • 170 грама засладен кокосов чипс или кокосово брашно
  • 150 грама шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

1. Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со растопениот путер. Добиената смеса убаво распределете ја на тркалезен сад за колачи за да добиете тенок слој, а садот ставете го во фрижидер.

2. Со миксер изматете го шлагот.

3. Во посебен сад со миксер изматете ги крем сирењето, шеќерот и екстрактот од ванила.

4. Во оваа смеса додадете го шлагот и околу половина од кокосовиот чипс. Доколку немате чипс од кокос, можете да користите и кокосово брашно.

5. Нанесете ја добиената смеса врз подлогата и ставете го садот во фрижидер да отстои најмалку четири часа пред послужување. Посипете го остатокот од брашното/кокосовиот чипс врз тортата. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за чизкејк со кокос, можеби ќе сакате да го прочитате и „магичниот“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар