Рецепт за баклава со вишни
Оваа сочна и освежителна баклава ќе ве освои за многу кратко време.
Потребни состојки:
- половина килограм тенки кори
- 4 јајца
- 350 грама шеќер
- 200 милилитри масло
- 150 грама презла
- 1 прашок за печиво
- 300 грама вишни од компот
- 200 милилитри вода
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата, маслото и половина од количината шеќер, а потоа додајте ги презлата и прашокот за печиво.
Во сад за печење со димензии 40 цм х 25 цм, наредете четвртина од корите, па премачкајте со половина од смесата со јајца, ставете дел од вишните и покријте ги со кора.
Повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки, а најгоре треба да има кора.
Печете на температура од 185 °С околу 45 минути, додека горната кора да добие златно-жолта боја и да биде крцкава.
Сварете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа прелијте ја испечената баклава.
Погледнете како да направите богата солена торта од палачинки.