Рецепт за арапски палачинки со крем сирење
На списокот со 50-те најдобри десерти во светот има десерти како што се турската баклава, австриската штрудла од јаболка, како и арапските палачинки полнети со крем сирење, суво овошје и ореви, а често им додаваат и розова вода и цимет.
Слатка и миризлива розова вода е дестилат на ливчиња од роза, но исто така можете да го замените со некој сладок сируп или мед. Постојат многу варијации на темата арапски палачинки – тие се разликуваат по големина, како и по начинот на подготовка. По полнењето може да се сервираат веднаш или да се пржат во масло или да се печат.
Потребни сосотојки:
За палачинките:
- 120 г брашно
- 120 г гриз
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сув квасец
- 1/4 лажичка сол
- 580 милилитри топла вода
- 35 г мелени ф’стаци
- мед по желба
За полнежот:
- 1 лажица гриз
- 1 и половина лажици брашно од скров
- 250 милилитри млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажици маскарпоне
- 60 г леб насечкан на коцки
Начин на подготовка:
- Ставете ги сувите состојки во сад, а потоа додадете вода и промешајте. Покријте го садот и оставете го да отстои 30 минути. Тестото треба да биде потенко од она за нашите палачинки.
- Подгответе го полнежот. Измешајте гриз, брашно од скроб и 60 милилитри млеко и ванила. Загрејте го ова на шпоретот додавајќи го остатокот од млекото и мешајќи додека не стане густо и пенливо. Потоа, додадете го маскарпонето и убаво измешајте додека не се соедини, па додадете ги коцките леб и оставете да се олади.
- Загрејте ја тавата и истурете 2 лажици од смесата за палачинки. Печете додека не се појават меурчиња. Палачинките не треба да се вртат, доволно е да ги печете само од едната страна.
- Ставете околу една лажица мешавина од смесата со сирење во секоја палачинка, спојте ги рабовите и врз нив ставете мелени ф’стаци. Посипете со мед по желба.
Прочитајте зошто треба да го започнете денот со какао?