Претходно
Рецепт со кафе: Кремасто совршенство за уживање!
Без разлика дали се релаксирате дома сами или сте со пријателите или семејството, овој рецепт сигурно ќе ве расположи и ќе уживате во есенските денови!
Потребни состојки:
- 130 г шлаг
- 1 лажица еспресо во прав
- 120 г крем сиреве
- 240 г маскарпоне
- 60 г шеќер во прав или засладувач по избор
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2 лажички какао
- овошје или бисквити за украсување
Начин на подготовка:
- Во еден сад ставете го шлагот и еспресото и мешајте.
- Во поголем сад ставете го крем сирењето и маскарпонето и миксирајте со рачен миксер или блендер.
- Полека додавајте го шеќерот и ванилата и блендирајте.
- Оставете во фрижидер, а потоа сервирајте и украсете по избор! (со какао, овошје, бисквити)
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за ледено кафе со путер.