Рецепт: Пијалак за подобар имунитет

Рецепт: Пијалак за подобар имунитет

Денес ви споделуваме рецепт за здрав и вкусен пијалак кој може значително да го подобри вашиот имунитет, а е наменет за поголема количина сок.

Рецепт: Пијалак за подобар имунитет

Потребни состојки:

  • 1 килограм цвекло
  • 1 килограм моркови
  • 1 килограм зелени јаболка
  • 1 килограм лимон
  • 1 килограм мед

Начин на подготовка:

1. Добро измијте ги сите состојки – не лупете ништо.

2. Ставете го лимонот во млака солена вода, а на тој начин ќе ја отстраните горчината на кората од лимонот.

3. Сите состојки се рендаат и се оставаат да отстојат 24 часа.

4. Откако ќе отстојат 24 часа исцедете ги со помош на газа.

5. Во добиената течност растворете 1 килограм мед.

6. Најдобро е да го истурите пијалакот во стаклени шишиња и да го чувате во фрижидер.

Напомена:

  • Пијалакот може да се консумира во рок од неколку дена.
  • Препорачан пијалак: три пати на ден, околу 0,3 децилитри.
  • Напитокот може да се направи и во соковник, без чистење и цедење, само ставете ги сите состојки во соковникот. Во овој случај, оставете го сокот да отстои преку ноќ, а наутро додадете мед.

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за пијалак за долговечност.

Извор: atma.hr

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар