Претходно
Рецепт на денот: Топло чоколадо со рум
Овој рецепт за топло чоколадо со рум е совршен пијалак за да се загреете во студените зимски денови! Додадете маршмалоу и уживајте!
Потребни состојки:
- 20 милилитри млеко
- 45 г темно чоколадо
- 1 лажичка цимет
- 2 лажички какао
- 1 лажица кафеав шеќер
- 1 лажица рум
- маршмалоу по избор
Начин на подготовка:
- Загрејте го млекото, а потоа намалете го огнот и додадете исечкано чоколадо и цимет.
- Мешајте додека не се стопи чоколадото. Додадете какао во прав и кафеав шеќер и добро промешајте.
- Исклучете го огнот и промешајте заедно со румот.
- Додајте маршмалоу и уживајте!
Пробајте го и овој рецепт за вкусна орео торта од само 5 состојки.