Рецепт на денот: Пита со павлака и сирење
Погледнете го овој рецепт како да направите пита со павлака и сирење без кора што ќе ве освои со својот фантастичен вкус.
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 150 грама брашно
- 2 лажици гриз
- 100 милилитри млеко
- 1/2 прашок за печиво
- 50 грама маргарин
За полнење:
- 200 грама сирење
- 200 грама павлака
- 100 грама маслинки
- 1 поголема црвена пиперка
- 1 јајце
Начин на подготовка:
1. Изматете 2 јајца, додајте ги брашното, прашокот за печиво, гризот, млекото и маргаринот и изматете додека не добиете хомогена смеса. Половина од смесата турете ја во плех со димензии 25 x 15 центиметри.
2. Сирењето исечете го на коцки и распоредете го преку тестото. Одозгора наредете исечени маслинки и парчиња пиперка. Измешајте ги павлаката и јајцето и турете ги врз смесата што е во плехот.
3. Најгоре додајте го останатиот дел од тестото.
4. Печете на температура од 200 °C околу 40 минути.
Погледнете како да направите слоевити салати на 3 начини.