Рецепт на денот: Пита од шпагети
Питата од шпагети можеби е измислена од Италијанците, но веројатно од оние кои живеат во Америка. Вистинските Италијанци тврдат дека никогаш не би ги приготвиле своите традиционални тестенини на ваков начин.
Потребни состојки:
- 400 грама шпагети
- 400 грама говедско месо
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 500 милилитри варени домати
- 100 грама меко бело сирење
- 3 јајца
- 150 грама рендано сирење
- 50 грама пармезан
- 1 лажица брашно
- сол, сув зачин, бибер, оригано
- маслиново масло
- магдонос
Начин на подготовка:
Варете ги шпагетите во големо тенџере полно со посолена вода само половина од потребното време за варење. Тие ќе продолжат да се готват во рерната.
Испржете го меленото месо и извадете го од тавата, оставајќи ја мрснотијата во неа. Излупете го кромидот, ситно исечкајте го и испржете го кратко во мрснотиите од месото.
Додајте го брашното и полека турете го сокот од домати за да подготвите сос. Додајте го ситно исечканиот лук, а потоа зачинете по вкус. Оставете да се излади, додајте маслиново масло по желба и зачинете со магдонос.
Во голем сад измешајте ги сосот, мекото сирење и јајцата.
Додајте го месото и измешајте сè заедно, потоа додајте ги шпагетите, ренданото сирење и пармезанот (оставете малку пармезан да да посипете на врвот).
Премачкајте ја тавата и турете ја смесата. Посипете со остатокот од сирењето и печете околу половина час на температура од 180 °C степени.
Пред сервирање, оставете ја питата да се излади неколку минути.
Погледнете го овој рецепт како да направите чурос – вкусни шпански крофни.