Претходно
Рецепт на денот: Печени домати со спанаќ и сирење
Одлична идеја за вечера!
Потребни состојки:
- 1 килограм домати
- 200 грама спанаќ
- 400 грама сирење
- 40 грама лебни трошки
- 60 милилитри маслиново масло
- 1/2 чешне лук
- Сол
Начин на подготовка:
Измијте го спанаќот и исечкајте го на ситни парчиња. Истото направете го и со половината чешне лук. Ставете ги во голем сад сите состојки освен доматите и добро измешајте. Потоа олупете ги доматите и со лажица извадете ја средината. Наполнете ги со сосот, наредете ги во тава за печење, посипете со малку маслиново масло и печете 10-тина минути на 190 степени. Добар апетит.
Дојде времето на костените: Есенски рецепт за торта што ќе ги воодушеви вашите најблиски.