Рецепт на денот: Лосос на јапонски начин
Ако планирате да подготвите лосос за денешната трпеза, пробајте го овој нов одличен рецепт од Јапонија
Потребни состојки:
- 300 грама ориз
- 350 грама лосос
- 2 помали, зрели авокада
- Свежо исцеден сок од 1 лимон
- 4 супени лажици соја сос
- 4 кафени лажички испржен сусам
- 1 мала главица кромид
- Ситно исечкана лута пиперка
Начин на подготовка:
Измијте го оризот во вода. Во големо тенџере, ставете 400 милилитри вода, па додајте го оризот и почекајте да зоврие. Потоа покријте го со капак и оставете го да се вари околу 10-тина минути.
Во меѓувреме испржете го лососот од двете страни.
Авокадото исечете го на тенки кругови, а лососот на крупни коцки, па измешајте ги и додајте го лимоновиот сок заедно со соја сосот. Оставете ги да отстојат 10-тина минути, па измешајте ги со добро процедениот ориз.
Во посебна тава пропржете го сусамот, па просејте го преку оризот, заедно со лутото пиперче и кромидот.
Уживајте!
Посна трпеза за Бадник: Пронајте ги и овие 3 необични рецепти за подготовка на риба.