Рецепт на денот: Кремаст колач од карамела
Погледнете како да го направите овој вкусен колач од карамела што ќе ве натера постојано да барате уште едно парче.
Потребни состојки:
1. За првата смеса
- 3 лажици шеќер
- 3 капки сок од лимон
- 2 јајца
- 60 грама шеќер
- 250 милилитри млеко
2. За втората смеса
- 2 јајца
- 100 грама шеќер
- 50 грама брашно
- малку прашок за печиво
Начин на подготовка:
1. Во тенџере на тивок оган стопете 3 лажици шеќер и истурете ја добиената карамела во помал сад за печење. Изматете 2 јајца со 250 милилитри млеко и прелијте ја карамелата.
2. Изматете 2 јајца со 100 грама шеќер и додајте брашно и малку прашок за печиво.
3. Добиената смеса, а потоа и млекото еднакво истурете ги во садот за печење.
4. Садот за печење ставете го во друг малку поголем сад и наполнете го со топла вода до половина центиметар.
5. Печете го колачот на 200 °C околу 50 минути и пред крајот покријте го со фолија.
6. Откако колачот ќе се излади, превртете го на чинија.
Ако сте љубител на десерти, погледнете како да направите меки јапонски палачинки.