Рецепт на денот: Колач од топло млеко
Ако ви треба едноставен и брз рецепт, погледнете како да го направите овој вкусен колач од топло млеко за кратко време и без многу труд.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 380 грама шеќер
- екстракт од ванила
- 180 грама брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 250 милилитри млеко со 2 % млечна маст
- 150 грама маргарин исечкан на коцки
Начин на подготовка:
1. Во голем сад изматете ги јајцата, а потоа додајте го шеќерот и продолжете да мешате сè додека смесата не стане лесна и пенеста. Потоа додајте го екстрактот од ванила и на крај додајте ги брашното и прашокот за печиво.
2. Загрејте ги млекото и маргаринот додека тој не се стопи. Потоа додајте ги во веќе подготвената смеса и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Во подмачкана тава ставете ја смесата и печете 30 до 35 минути на температура од 180 степени. Откако колачот ќе биде готов, оставете го да се излади.
Погледнете ги и овие три супер брзи и едноставни рецепти со пуканки.