Претходно
Рецепт на денот: Чоколадна фантазија со лешници
Погледнете го овој рецепт како да направите вкусен чоколаден десерт за целото семејство.
Потребни состојки:
- 570 грама шеќер
- 300 грама брашно
- 700 милилитри јогурт
- прашок за печиво
- 120 милилитри масло
- 3 лажици какао
- 150 грама мелени лешници
- 100 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки (освен чоколадото и лешниците) сè додека не се изедначи смесата, а потоа додајте ги лешниците.
Во сад за печење посипете малку брашно, а потоа ставете ја смесата и печете на температура од 200 °C околу половина час.
Кога тортата ќе се испече, подгответе ја глазурата. Растопете го чоколадото со малку масло и вода на тивок оган, а потоа прелијте ја тортата.
Погледнете го и овој рецепт како да направите чоколадни кекси.