Претходно
Рецепт: Како да направите домашни корнети за сладолед?
Сладоледот е еден од омилените летни десерти, а уште повеќе го обожаваме кога ќе си направиме и домашни корнети. Постапката е многу лесна, а еве и што ви е потребно за да ги направите.
Потребни состојки:
- 90 г брашно
- 130 г шеќер
- 4 јајца
- 60 г путер
- 0,5 децилитри млеко
- малку цимет или ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Измешајте ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го стопениот путер, брашното, млекото и циметот. Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки, па по потреба додајте млеко, вода или брашно.
- Печете на загреаната тава додека не добиете убава боја од двете страни. Потоа формирајте корнети додека уште се топли.
- Оставете да се изладат, а остатокот чувајте го добро запечатен во сад до една недела.
Погледнете како да направите вегетаријански бургери од киноа и спанаќ.