Претходно
Рецепт: Италијанска торта
Оваа торта може да се подготви во тркалезен калап, но може да се испече и во квадратен сад.
Потребни состојки:
- 100 г маргарин
- 150 г путер
- 250 г брашно
- 250 г шеќер
- 6 јајца
- 1 лажичка сода бикарбона
- 250 милилитри млеко
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 200 г кокос
За филот:
- 200 г маскарпоне
- 150 г путер
- 450 г шеќер во прав
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 150 г ореви или лешници
Начин на подготовка:
- Миксирајте ги маргаринот и путерот со шеќерот додека не добиете пенеста смеса.
- Додадете ги јајцата едно по едно и миксирајте.
- Во друг сад измешајте го брашното со содата бикарбона и полека додавајте го во смесата со јајцата.
- Повремено ставајте млеко за да ја промешате смесата рамномерно.
- На крај додајте ги кокосот и ванилата.
- Ставете во подмачкан калап/сад и печете околу 40 минути на 180 степени.
- За филот, миксирајте го путерот со маскарпонето, а потоа додајте ги шеќерот и ванилата.
- Еден дел од оревите и лешниците додадете го во филот, а другиот дел оставете го за украсување.
- Украсете ја вашата торта по желба и уживајте.
Погледнете како да направите златен сладолед за челичен имунитет.