Рецепт: Брз хумус со цвекло

Рецепт: Брз хумус со цвекло

Овој брз рецепт за хумус со цвекло може да биде вашето ново предјадење. Има освежувачки вкус и можете да го јадете со здрави грицки, во сендвичи или во салати.

Рецепт: Брз хумус со цвекло

Потребни состојки:

  • 1 конзерва од 430 до 450 гр наут (исцеден и исплакнат)
  • 2 цвекла со средна големина (исечени на коцки и сварени)
  • 2 чешниња лук
  • кора од лимон (по избор и вкус)
  • сок од 1 среден лимон
  • 2-3 лажици таан
  • 2-3 лажици маслиново масло
  • ¼ лажичка сол
  • ½ лажичка ким

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете кремаста смеса. Зачините можете да ги додадете по вкус.
  2. Може да стои во фрижидер околу 4 до 5 дена.

Пробајте го и овој едноставен рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар