Разубавете се со помош на лимонот
Позитивната улога што ја има лимонот врз нашето здравје е позната уште многу одамна. Лимоновиот сок освен како лековит пијалак, може да се употреби во безброј различни ситуации кои ќе ни го подобрат секојдневниот живот.
Богат со овошни киселини и природни шеќери, лимонот е антиоксиданс кој се користи во различни козметички препарати кои помагаат за отстранување на мртвите клетки на кожата и за нејзино повторно регенерирање. Но, не мора да трошите огромно богатство за да изгледате убаво. Со наша помош можете да направите домашни маски од кои ќе бидете вистински изненадени.
Маска за суви и оштетени усни
Направете смеса од по една лажичка павлака, сок од лимон и мед. Мешајте додека сите состојки добро не се изедначат. Потоа маската нанесете ја на усните. За подобри резултати, најдобро е да ги третирате усните една недела.
Маска за отстранување брчки
Измешајте во еден сад една лажичка мед, неколку капки свежо исцеден сок од лимон и слатко бадемово масло. Нанесете ја маската да стои на лицето околу 20 минути. За крај, нежно измијте го лицето. Доколку немате бадемово масло, бананите можат да бидат одлична замена.
Маска за освежување на лицето
1 лажичка мед, 1 лажица сок од лимон и пола блендирана краставица ставете во еден сад и добро измешајте. Подготвената смеса нанесете ја на лицето и оставете да делува околу 10 минути. Свежината на вашето лице повторно ќе се врати, а со тоа и вашето расположение.
Лосион за убави раце
За да имате убави раце доволно е да измешате 3 лажички сок од лимон, 6 лажички мед и 8 лажички бадемово масло. Кога смесата ќе се изедначи, убаво втријте ја на рацете. Оставете да делува околу 10 до 12 минути. Потоа измијте ги рацете со еднаква количина на оцет и вода. Вака направениот лосион може да стои околу 2 недели.
Маска за побелување на кожата
Измешајте доматен џус и сок од лимон во еднакви количини. Потоа, употребете меки пешкири кои апсорбираат. После кратко време, ќе ја забележите магичната промена на вашата кожа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.