Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

Разубавете ја вашата кожа со природните скрабови од Scrubby (+ ПОДАРОК)

Од ден на ден, мртвите клетки и нечистотијата сѐ повеќе се акумулираат на површината на кожата, што може да ја направи сува, ронлива и без сјај, а можна е и појава на акни поради затнатите пори. Ако сте забележале некои од овие неправилности на вашата кожа, можеби треба да размислите за додавање нов производ во вашата рутина за нега. Правилната ексфолијација со скрабови ја отстранува бариерата од мртвите клетки и ослободува нов слој на кожата.

За важноста на скрабовите, како неизбежен дел од грижата за нашата кожа, поразговаравме со девојката која стои зад Scrubby – бренд за слатки скрабови чии природни масла ја подмачкуваат и потхрануваат кожата, додека истовремено го изразуваат нејзиниот природен сјај и мекост.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

View this post on Instagram

🌸 <— GIVEAWAY TIME —> 🌸 Во соработка со @scrubby_mk подаруваме 2 скрабови на природна база направени со одбрани состојки кои ќе ја остават вашата кожа хидратирана, мазна и мека. Правила за учество: 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @scrubby_mk 2. Тагнете двајца пријатели во коментар 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили) Добитниците ќе ги избереме во среда (11.09.2019). Со среќа! 🍀 #кафепауза #scrubby_mk #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #fashionistasmk #фотонаденот #фотонанеделата #скраб #скрабови #убавина #кожа #неганакожа #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

1. Како дојдовте до идејата да почнете да правите органски скрабови и како го развивте концептот? Кој стои зад оваа приказна наречена Scrubby?

Поаѓајќи од фактот дека грижата за себе секогаш треба да биде на прво место, а кожата како најголем орган во човечкото тело заслужува примарно внимание, решивме да создадеме нешто природно, подготвено со одбрани состојки, а сепак пристапно за секого.

Зад Scrubby стои урбана девојка, ентузијаст која и самата секојдневно се потсетува за важноста на грижата за себе. Преку подготвување на слатки скрабови цели кон докажување дека среќата е во малите нешта и започнува со тоа како се грижиме за себе и како се чувствуваме во својата кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

2. Можете ли да ни откриете нешто повеќе за процесот на создавање, од замислата, до избирање на состојките и самата изработка на скрабовите и амбалажата?

Замислата на Scrubby е да ја пропагира неизбежната грижа за себе којашто многу пати сите ја ставаме во заден план. Во секој скраб преовладува шеќерна компонента обогатена со разни природни масла и суплементи како што е витаминот Е, неопходни за правилен и темелен пилинг и потхранување на кожата. По подготовката скрабовите се пакуваат во стерилна амбалажа, спремни да бидат дел од бањата на секоја девојка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

3. Која е намената на овие скрабови и како делуваат на кожата? Дали треба да се следи некоја рутина и дали одговараат за сите типови кожа?

Намената на секој пилинг е да ги отстрани мртвите клетки од површинскиот слој на кожата со што се овозможува нејзино правилно функционирање. Хранливите масла пак, ја подмачкуваат и хранат кожата, изразувајќи ги нејзиниот природен сјај и мекост.

Земајќи предвид дека секој тип на кожа има свои карактеристики, Scrubby може да се сретне во неколку различни варијанти. Така на пример, за сува кожа се наменети скрабовите Basic Scrubby, Vanilla Girls и Flower Power, за мрсна Florida Magic и Lemon Sisters, а за комбинирана Oh Berry! и Kiwi Kiss.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

4. Инстаграм е одлична алатка за промоција на брендови за нега и убавина. Колку тоа ви помогна во развивање на бизнисот? Дали користите и други канали за промоција и дистрибуција на скрабовите?

Моментално, сите заинтересирани девојки и момци можат да се информираат повеќе за нашите скрабови на @scrubby_mk. Во иднина планирани се разни активности и промоции на базари и слични случувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

5. Зошто една жена или девојка треба да користи скраб? Која е пораката што вашиот бренд им ја испраќа на припадничките на понежниот пол?

Грижете се за себе, бидејќи никој тоа нема да го направи добро како самите Вие! Миризлив пилинг по туширање после долг и напорен ден ги опушта сетилата и ја негува кожата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

6. Користите органски состојки при процесот на изработка на скрабовите. Според вас, колку е тоа важно за еден бренд кој создава производи за нега на кожата? Кој од веќе достапните скрабови е фаворит на вашите купувачи?

Во светот на вештачки изработени препарати за нега на кожа, handmade производ на база на природни состојки кои во ниту една конотација не се штетни за ниедна кожа, е вистинско освежување.

Убедлив фаворит за изминатото лето беше Oh Berry!, иако во водство секогаш е Vanilla Girls.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

7. Нови „вкусови“ или нови производи – кој е вашиот план за во иднина? И каков совет би им дале на младите луѓе кои сакаат да започнат свој бизнис?

Со новата сезона очекувајте и нови производи. Scrubby останува да се грижи за своите купувачи!

Советот за сите млади кои сакаат да започнат нешто свое и ново е едноставен: START TODAY!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scrubby (@scrubby_mk) on

Интервју: Христијан Киров


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар