Разликата помеѓу две личности не е во способноста, туку во енергијата: Еве зошто некои личности магнетно ве привлекуваат а други ве одбиваат
Од вашата емоционална состојба зависи каква личност ќе привлечете во вашиот живот.
Томас Арнолд, историчар и просветител, уште во XIX век рекол дека разликата помеѓу две личности не е во нивната способност, туку во нивната енергија. Честопати слушаме дека некои луѓе се упадливи и тоа го поврзуваме со нивната енергија. Тие привлекуваат како магнет. На други пак, тоа не им оди од рака, едноставно не им се поклопува енергијата со другите и се чувствуваат отфрлено. Многу љубовни парови, очигледно, започнуваат и завршуваат поради привлечноста или одбивноста на нивните енергии.
Дали е тоа така навистина? Како работи законот за привлекување? Колку енергијата е навистина магнет кој спојува две лица? Или, само претпоставуваме дека е така.
Дали изјавата „се препознаваме по енергијата“ навистина има цврста основа и дали од неа произлегува поговорката „сличниот на сличен се радува“?
Психолозите велат дека постои можност навистина да се „препознаеме“ со некој што го сакаме и тоа обично значи чувство на взаемна привлечност. Покомплицираното прашање е зошто ние се привлекуваме едни од други и кои фактори влијаат на тоа? Критериумите преку кои инстинктивно или со срцето избираме партнери варираат со возраста и животните ситуации во кои се наоѓаме. На пример, се случува да направиме избор врз основа на свесно наметнати критериуми, како физички изглед, социјален статус или други карактеристики, без да го земеме предвид тоа што сметаме дека е привлечно за нас. Ако обратиме внимание на она што навистина нè привлекува, можеме да научиме многу за себе.
Луѓето имаат тенденција да бидат привлечени од сличните на себе, но и од различните, во зависност од фазата на живот во кој се наоѓаат и од она што сакаат да го добијат од нивниот партнерски однос. Честопати сме привлечени кон личност која на некој начин носи сличност со семејството во кое сме пораснале, дури и кога таа сличност не е на прв поглед видлива. Оваа сличност може да биде физичка, но и психичка и емотивна. Она што ние го нарекуваме енергија може да биде збир на манифестации и карактеристики на една личност – карактер, расположение, однесување и изглед, како и тоа, како ние „го читаме“ кога ќе го видиме потенцијалниот партнер.
Понекогаш тоа може да биде сличност, но исто така, може да биде и добра компатибилност во различностите. На пример, некој е подинамичен, а некој попасивен, но кога се спојуваат тие може да донесат баланс еден со друг. Сензибилитетот е, исто така, фактор на привлечност, затоа што на овој начин можеме полесно да ги „препознаеме” значајните аспекти на личноста и да одговориме на нив. Но, постојат и важни биолошки фактори при изборот на партнер, а тоа го потврдија и многу научни студии кои покажале дека кога избираме партнер важни ни се физичките карактеристики, да речеме изглед, мирис, хормонален статус и здравствена состојба.
Во однос на прашањето колку партнерот е наш одраз во огледалото стручњаците велат дека во психолошка смисла, ова е сосема точно, затоа што преку изборот на партнер можеме да ја разбереме нашата моментална емоционална состојба и достигнатото ниво на личен развој. Дури и самата привлечност, која понекогаш е во спротивност од нашата замисла за идеален партнер, зависи од нашето ниво на зрелост и контактот со сопствените потреби. Кога сме помлади, нашите критериуми се поедноставни и повеќе сме водени од физичка привлечност, додека во зрелите години, личноста на партнерот добива поголема значајност, но физичкиот изглед и енергијата на личноста сè уште доминираат како фактор на привлечност. Ако се случи нашиот партнер да е проблематичен, важно е да се запрашаме со кои проблематични делови од самите себе сè уште не сме се соочиле, па во таа смисла партнерот може да биде наше огледало.
Во однос на тоа дали луѓето со позитивна енергија привлекуваат само добри луѓе одговорот не е толку едноставен, затоа што луѓето се привлечени од различни работи. Понекогаш луѓето со попозитивен пристап кон животот ги привлекуваат понегативните луѓе затоа што чувствуваат потреба да им помогнат, а луѓето со повеќе негативна енергија понекогаш сакаат некој да ги повлече со својата позитивност и така се создаваат мешани парови. Понекогаш, исто така, со текот на времето се утврдува дека лицето кое е позитивно, всушност е депресивно, а она што е навидум негативно користи таков пристап за да се заштити од разочарување, а во суштина не е толку негативно ориентирано кон животот. Не постои постојано позитивна или негативна енергија кај една личност, тоа се моментални состојби кои го рефлектираат нашиот емоционален живот во даден момент и се резултат на одбранбениот механизам што го активираме при соочувањето со проблемите.
Можеби сакате да дознаете и зошто е важно прво да се сакате себеси, а потоа партнерот?