Разиграни велигденски предлози за уште попразнична атмосфера
Доколку сте од оние кои постојано си наоѓаат некаков изговор за повторно да си го украсат и декорираат домот, имаме неколку свежи совети вас. Велигденските празници се пред нас и на сите ни се добредојдени нови идеи за празнично декорирање. Проследете ги нашите предлози.
1. Велигденска жардиниера
Искористете ги лушпите од јајцата, гајбата за јајца, малку земја и неколку цвеќиња за да направите совршен подарок или интересен букет за централното место на масата.
Во лушпите од јајцата ставете малку земја во која ќе засадите цвеќиња, потоа лушпите ставајте ги во гајбата за јајца сè додека не добиете една весела и разиграна икебана.
2. Велигденски пиленца
Овие пилиња се интересни за децата токму поради нивните нозе – им изгледаат разиграно и весело. Тие се лесно подвижни и едноставно можете да им ја менувате положбата.
Сè што ви е потребно е жица која лесно се витка, за да можете да им ги обликувате нозете, а потоа и да ја промените нивната положба. Веќе направените нозе можете лесно да ги прикачите на вашите велигденски пилиња.
3. Напишете ги имињата на вашите најмили
На кошницата со јајца која ја подготвувате за некого, прикачете дрвено парче во форма на патка, зајче или јајце и напишете го името на оној за кого е наменета.
Она што ви е потребно е маркер кој не се брише и сјајна боја. Најпрво направете дупка во фигурата, потоа нанесете три слоја од сјајната боја врз дрвената фигура при што секој слој треба да го оставите да се суши 30 минути. Откако ќе се исуши, со маркер напишете го името. Потоа низ дупката прикачете конец и врзете го на кошницата.
Ќе имате совршен подарок кој ќе ги израдува вашите најмили.
4. Брзо и едноставно до свеќник
Од вашата тегла направете прекрасен велигденски свеќник. Во неа поставете неколку Велигденски јајца, една свеќа и вашиот сувенир е подготвен.
5. Зајче торта
Веќе подготвената торта украсете ја со шеќерни колачи во форма на зајчиња.
6. Светкави велигденски јајца
Додадете светки на јајцата и украсувајте ги во различни форми. Тие со сигурност ќе ви донесат сад полн со убавина.
Еве и како да го направите тоа:
Најпрво направете ситна дупка во јајцето така што течноста цела ќе истече. Откако ќе бидете сигурни дека лушпата е потполно празна, во еден сад ставете лепак и разводнете го со малку вода. Потоа во садот спуштете го празното јајце, така што лепакот ќе ги опфати сите делови. Нанесете ги светките и преку дупката со помош на чепкалка, па забодете го на стиропор за да се исуши. Доколку сакате да добиете светкави ленти, тогаш залепете салотејп од двете страни паралелно, па помеѓу нив нанесете лепак и додадете ги светките.
7. Зумбул ливада
Поставете две овчички во саксија со зумбули – секој пат кога ќе го погледнете овој украс во вашиот дом, тој ќе ви измамува насмевки. Прво, затоа што ја симболизира пролетта, а и затоа што ѝ дава една традиционална нота на велигденската атмосфера.
8. Шеќерен двор
Делот кој е неминовен на секоја трпеза е десертот. За време на велигденското празнување набавете слатки во различни форми, кои ќе бидат вкусни и ќе ви ја развеселуваат трпезата.
9. Хипстерски велигденски јајца
Ваквото украсување на јајцата е навистина интересно и привлечно за децата, плус е и премногу едноставно. Единствено што треба е да им додадете интересни тетоважи на јајцата и ефектот ќе биде постигнат.
10. Практични порцелански јајца
Еве како да ги направите:
- Варете ги јајцата додека целата вода тотално не потемни од бојата.
- Извадете ги од водата и потскршете ги со лажица.
- Во пукнатините додадете дополнително боја.
- Ставете ги во кошницата вашите нови порцелански јајца!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.