Разиграјте го викенд изгледот
Автор: Софија Сионова
За време на викендот, правиме релаксирани комбинации со основни парчиња облека како фармерки и бела маица. Можеби звучи досадно, но со добар избор на материјали, бои и додатоци овие основни парчиња можат да изгледаат едноставно неодоливо. Сѐ зависи од начинот на комбинирање. Еве 2 начини како да ја разиграте викенд комбинацијата, а сепак да не вложите премногу труд. Сепак викендот е за одмор, нели?
1. Комбинација со маица
За да ја разиграте обичната маичка со графички принт, потребно ви е нешто поженствено и посвечено така што ќе ги споите овие два елементи. Миди здолништата се одличен избор, бидејќи тие се сепак комотни, изгледаат прекрасно и плус додаваат по некој сантиметар. Во комбинација со штикли со интересен геометриски принт, овој изглед е совршен за дневна прошетка или кафенце со пријателките.
2. Комбинација со фармерските шорцеви
Фармерките се задолжително парче облека во сечиј плакар. Можете да ги носите со високи потпетици, ако самата локација ви дозволува, така што ќе изгледате повисоки. Уште едно парче што морате да го имате во вашиот плакар е и белата кошула. Пожелно е да биде пикната во предниот дел од шорцот, така што ќе го нагласи вашиот струк. Вие носете ја кошулата, а не таа вас. Исто така, не се плашете да експериментирате со накитот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.