Претходно
Разиграјте го летото: Модни комбинации кои ќе ви покажат како да носите принт
Носењето принт не треба да ве заплашува. Големиот избор на различни дезени како цветен, графички и мегапопуларниот гингам принт, се многу лесни за создавање на уникатни и лесни комбинации, исто како што би ги комбинирале вообичаените летни бои.
Постојат премногу начини и стилови кои можете да ги носите. Одлична идеја е да го пробате гингамот. Спојте миди здолниште со ваков принт и бела кошула врзана на половината. Вака, визуелно ќе ги издолжите нозете и ќе го нагласите струкот и плус ќе изгледате како пин-ап девојка од 50-тите.