Разберете ги овие психолошки правила и направете го вашиот живот полесен и посреќен

Разберете ги овие психолошки правила и направете го вашиот живот полесен и посреќен

Разбирањето на психологијата, како за себе, така и за луѓето околу нас, може да има големо влијание на нашата среќа. Ограничени сме од минатите искуства и уверувања. Без разлика дали веруваме дека не сме доволно добри, дека не сме успеале во нешто или дека погрешно сме ги протолкувале туѓите реакции, бидејќи некој тоа ни го кажал, треба да го промениме менталниот склоп кој ќе ни ја зајакне перцепцијата и ќе ни го ограничи негативниот начин на кој се гледаме себеси и светот околу себе. Овие правила на психологијата може да ви помогнат да го направите вашиот живот полесен и посреќен.

1-razberete-gi-ovie-psiholoshki-pravila-i-napravete-go-vashiot-zhivot-da-bide-polesen-i-posrekjen-www.kafepauza.mk_

1. На луѓето не им е грижа толку колку што вие мислите

Звучи грубо, но е вистина. Секој има свои проблеми и несигурности и сите мислат дека другите размислуваат за нив. Имајте го ова на ум, бидејќи главно сите наши уверувања и претпоставки се базирани на минати искуства и погрешни перцепции. Бидете свои и не грижете се за туѓите мислења. Ќе бидете многу посреќни.

2. Постојано се менуваме

Лесно е да мислите дека сте истата личност која сте биле пред десет години, дека размислувате и се чувствувате исто. Меѓутоа, тоа не е точно. Нашето минато, сегашност и иднина се независни едно од друго, бидејќи нашите погледи за светот се менуваат низ околностите и искуствата. Поради ова секогаш треба да бидеме она што сме кога одлучуваме за нешто. Не можеме да ја предвидиме иднината и како ќе се чувствуваме тогаш, а сето она што се случило во минатото, се случило на другата верзија од нас. Целата моќ е во сегашниот момент.

3. Морате да престанете да се споредувате со другите

Социјалните мрежи ни создаваат притисок дека треба да ги споделуваме нашите најдобри моменти и затоа е лесно да почнеме да се споредуваме со другите за кои ни се чини дека живеат совршени животи. Во реалноста, исто така, со задоволство ја покажуваме нашата добра страна, бидејќи се плашиме дека луѓето ќе нè осудат или одбијат. Сите ние сме ранливи. Сите ние сакаме да бидеме прифатени. Губиме време доколку мислиме дека другите се подобри од нас и дека живеат подобри животи. Само ние вистински се гледаме себеси. Дури и најмоќните луѓе имаат грижи, несигурности и стравови кои ги кријат во себе.

2-razberete-gi-ovie-psiholoshki-pravila-i-napravete-go-vashiot-zhivot-da-bide-polesen-i-posrekjen-www.kafepauza.mk_

4. Не претпоставувајте дека некој ќе го послуша вашиот совет

Дали некогаш сте воочиле проблем кој го има вашата пријателка и сте знаеле што треба да направите за таа да го реши? Сте ѝ дале совет, но како да сте зборувале на ѕидот. Се чувствувате фрустрирано, бидејќи сте сакале да помогнете. Никој не го слуша советот ако нема добар поглед кон светот во вистинско време. На крај, луѓето се менуваат низ сопствените искуства и самите треба да дојдат до совет за себе. Немојте тоа да го сфатите лично и оставете ги другите да ги решат проблемите онака како што им одговара.

5. Можете да ја контролирате само вашата реакција

Вашата реакција на некоја ситуација или проблем е најважна. Вашиот однос кон сè одредува колку ќе бидете среќни. Можете да изберете да реагирате на начин поради кој подоцна постојано ќе се предомислувате, ќе се чувствувате лошо или пак ќе можете да пронајдете подобар начин за реагирање. Ова може да биде тешко кога ќе бидете во негативна ситуација, но почекајте неколку секунди пред вашата реакција и обидете се да размислите за можните последици за себе и за другите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар