Раствор за длабинско перење на облеката и мебелот кој го враќа нивниот оригинален изглед
Облеката и особено мебелот собираат нечистотии кои не секогаш можат да излезат со вообичаениот начин на перење и чистење. Затоа, одвреме-навреме добро е да длабински да ги исперете, при што ќе го зачувате нивниот сјај и оригинален изглед. Во продолжение ви презентираме едноставен рецепт за длабинско перење кои самите можете да го применувате дома.
Ваквото перење го враќа фабричкиот изглед, но не би требало да го практикувате пречесто бидејќи е доста агресивно, па претераната употреба може да ја оштети ткаенината.
Доколку сакате да перете во када, во врела вода сипете четвртина шолја борна киселина, иста количина сода во кристали и пола шолја прашок за перење. Потоа добро промешајте за сите состојки да се соединат.
Доколку перете помалку парчиња, ставете во леген една кофа топла вода, 2 лажички борна киселина, две лажички сода во кристали и четири лажички прашок за перење.
Оставете ги ткаенините потопени 4 часа, па потоа исперете ги на вообичаениот начин. Во текот на перењето важно е да носите заштитни ракавици.
Ќе бидете изненадени од нечистотиите што ќе останат во водата, но и од новиот изглед на вашата облека и навлаките за мебел.
Прочитајте и зошто никогаш не треба да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите.