Растенија кои го намалуваат стресот и вознемиреноста
Грижата за вашето ментално здравје е исто толку важна како и грижата за забите или одењето на лекар кога сте болни. Стресот е проблем што влијае на повеќе луѓе отколку што мислиме, а со оглед на состојбата во 2020 година, ништо не е изненадување.
Ако се чувствувате вознемирени и барате некои идеи за тоа како да ги подобрите чувствата на смиреност и благосостојба дома, размислете за зголемување на количината на растенија во домот.
1. Нане
Не само што нането е вкусен додаток во храната, но едно истражување открило дека мирисот на нане може да ги намали чувствата на фрустрација.
2. Јасмин
Според едно истражување, јасминот може да ве смири дури повеќе од диазепамот.
3. Алое Вера
Ова растение е одлично против изгореници од сонце, црвенила на кожата, хидратирање на кожата, а исто така и го прочистува воздухот од канцерогени и емитува кислород навечер.
4. Лаванда
Лавандата се користи во ароматерапијата со векови, затоа што, вдишувањето мирис на лаванда за десет минути има значително влијание врз нервниот систем на жените кои страдаат од предменструални симптоми. Особено ги намалува чувствата на депресија.
5. Босилек
Босилекот е прекрасен за песто, но исто така содржи соединение наречено линалол за кое е откриено дека ја намалува активноста на одредени гени кои „претеруваат“ за време на стресни ситуации.
6. Сансеверија
Сансеверијата е позната како една од најдобрите за прочистување на воздухот, според НАСА. Тие го прочистуваат воздухот преку ден, а испуштаат кислород ноќе.
Погледнете кои апликации ќе ви помогнат во грижата за растенијата.