Рапсодија на вкус: Сладолед торта готова за само 10 минути!
Кога температурата надвор е над 30 степени Целзиусови, а вие сте излезени по жешкото, идеално решение би било да си дозволите торта која ќе ве разлади. Оваа сладолед торта е лесна за подготовка, а и оние со помалку искуство во кујната ќе бидат задоволни од резултатот.
Потребни состојки:
- 1 кг шлаг
- 1 литар минерална вода
- 2 павлаки
- 2 кутии мелени бисквити
- 2 кутии замрзнати малини
Начин на подготовка:
Шлагот изматете го со минералната вода и потоа раздвојте ја смесата на три дела. Првиот дел измешајте го со бисквитите и павлаките и обликувајте го во калап за печење. Додадете ги малините во вториот дел, па ставете ја оваа смеса врз првата. Оставете го само шлагот во третиот дел. Оставете ја тортата добро да се излади и уживајте во јадењето.
Автор: Антонина Велјановска