Ранункулус – цвеќе што во вазната ќе остане свежо со денови
Ранункулус или лутиче е цвеќе што ќе ве маѓепса со својата убавина и со цветовите што изгледаат како да се направени од најмеката хартија.
Постојат неколку стотици видови цвеќиња ранункулус, а повеќето од нив цветаат во средината на пролетта или во доцна пролет. Овој цвет плени со своите живописни бои, а поради убавината, се споредува со розата и со божурот.
Слоевите тенки ливчиња можеби изгледаат кревко, но ранункулусот е многу цврст цвет. Ставете го во вазна и овој цвет ќе остане свеж со денови. Секој ден ќе ве воодушевува со отворањето на своите ливчиња и со богатството на бои скриени во него.
Поради раното цветање, ранункулусот може да се сади во саксии и да се чува во затворен простор. Во тој период е најдобро да го ставите на прозорец свртен кон југ или запад, а температурата од околу 13 Целзиусови степени ќе биде идеална за него. Во рана пролет, ова растение постепено се приспособува на надворешните услови, така што можете да го чувате надвор подолго и подолго секој ден и да го внесете внатре пред да падне мрак. Ова цвеќе се сади на отворено во средината на мај.
За успешно засадување на ранункулусот, важно е да ја збогатите земјата со хумус или со купена почва и да обрнете внимание на наводнувањето – почвата треба да биде влажна, но не премногу.
Погледнете ја оваа точкеста бегонија што ќе ве освои на прв поглед.