Работи за кои (не) вреди да направите компромис во врската
Нема љубовна врска која е совршена, поради фактот што никој не е совршен. Но постојат компромиси кои можат да ги избалансираат работите и да ги смират несогласувањата. Проблемот е во тоа што, најчесто за погрешни работи си трошиме време и се трудиме да направиме компромис, а некогаш и за најмала ситница знаеме да избувнеме.
Најдобро би било да знаете за кои работи вреди да направите компромис, а за кои навистина не вреди да се трудите и да трошите нерви. Вреди да направите компромис за одредени навики на партнерот кои ви пречат, некои кои можеби не можат да се сменат и искоренат целосно, но не се толку опасни за да си ја расипете врската. Направете компромис ако вашиот партнер/ка, ја остава вратата од соба отворена, заборава да ја заклучи вратата од кола, ја остава валканата облека во дневна… Тоа се навики и постапки кои навистина се иритирачки и знаат да ве извадат од такт, но вреди да премолчите понекогаш или да направите некаков договор. Дали е во ред да ја прекинете врската со некој кој навистина ви одговара, само затоа што не го спушта капакот од ВЦ-шолјата?
Од друга страна, треба да си бидеме големи непријатели самите на себе за да толерираме работи кои нè задушуваат, ни ја одземаат слободата и психички нè уништуваат. Не трудете се да направите компромис за:
- љубоморното однесување на партнерот и претераната љубомора
- недостатокот на почит и омаловажувањето
- насилството
- ставање акцент само на нејзините/неговите потреби
- имањето целосно различни цели во животот
- честите несогласувања и расправии кои се повторуваат сè почесто и почесто, а ви носат и солзи
- работи кои бараат од вас целосно да се смените како личност и да ги занемарите вашите критериуми и гордост.
Луѓето не се менуваат, ќе бидат такви какви што се скроени од самиот почеток. Некогаш си мислиме дека се промениле зашто си го покажале вистинското лице, но тоа не е промена, туку откривање на вистинскиот карактер. Внимавајте какви работи сте подготвени да поднесете и издржите со цел да ви успее врската и секогаш добро размислете дали вреди да направите компромис. Но пред сè запомнете дека дури и доколку станува збор навидум за ситница, тој/таа никогаш нема да се промени!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.