Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

Вашата најдобра пријателка само што раскинала со момчето и вие се чувствувате беспомошно. Не знаете што да ѝ кажете, како да ја развеселите и како да ѝ помогнете да се чувствува добро во врска со себе. Иако нема да можете да ѝ ги решите проблемите, постојат неколку работи што можете да ги направите за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

Возете се наоколу и слушајте ги вашите омилени песни

Влезете во автомобилот и почнете да возите бесцелно низ градот. Пуштете ги вашите омилени песни и пејте на цел глас. Не заборавајте да ги вклучите моќните хитови од Бијонсе, Кели Кларксон и Тејлор Свифт кои со сигурност ќе ја развеселат вашата пријателка и ќе ѝ помогнат да се чувствува подобро.

Организирајте спонтана забава

Пуштете гласна музика и танцувајте како никој да не ве гледа. Никој нема да ве осудува, така што слободно забавувајте се и ослободете се од сите ограничувања.

Избегајте од градот за викенд

Испланирајте викенд патување на нова дестинација. Избегајте од градот и истражете некое ново место. Без разлика дали станува збор за одмор покрај езеро или во интересно гратче со слатки продавнички, погрижете се да нема никакви траги од бившиот на вашата пријателка и помогнете ѝ целосно да заборави на него.

Гответе заедно

Повикајте ја вашата пријателка на гости и почнете да готвите слатки работи. Играјте си со рецептите и смислувајте нови десерти. Никој нема да знае колку сте изеле!

Организирајте филмска вечер

Најдете ги сите омилени филмови на вашата најдобра пријателка и поканете ја на филмски маратон. Вашата филмска листа нека содржи комедии и акциони филмови. Соберете ги сите ќебиња што можете да ги најдете, изградете ја најудобната тврдина за седење и уживајте во сите вкусни грицки кои совршено одат со гледањето филмови.

Работи што треба да ги направите со вашата најдобра пријателка за да ѝ ги тргнете мислите од болното раскинување

Одете на шопинг

Однесете ја другарка ви на шопинг во сите нејзини омилени бутици и продавници. Прошетајте ги сите трговски центри и забавувајте се додека пробувате чудни модни комбинации.

Организирајте вечер на друштвени игри

Поканете неколку луѓе и играјте друштвени игри. Може да играте пантомима, монопол или асоцијации. Вашата пријателка толку многу ќе биде фокусирана на тоа да победи што сосема ќе заборави на бившиот, барем за момент.

Спортувајте во природа

Вежбањето го поттикнува лачењето на ендорфините кои можат да ве направат среќни. Развеселете ја вашата пријателка со тоа што ќе ја однесете во блискиот парк. Можете да џогирате заедно или да поканите неколку пријатели за да играте фудбал или одбојка заедно.

Одете во спа центар

Вашата пријателка заслужува да се почести, па затоа поминете цел ден во спа центар. Доколку сте шворц и не можете да си го дозволите тој луксуз, дајте си приватен третман дома. Направете си маникир една на друга и пијте коктели.

Поканете ја на преспивање

Вратете се во детството и организирајте класично преспивање како во средношколските денови. Можете да искомбинирате разни активности, но имајте само една цел на ум: Да се однесувате повторно како деца. Гледајте женски филмови како „Без поим“ (Clueless) или „Злобни девојки“ (Mean Girls), јадете пица и гледајте си на карти. Слободно правете го сето она што ве потсетува на детството.

Иако нема да можете целосно да ја утешите вашата пријателка, барем ќе успеете да ѝ го подигнете расположението и да ја натерате да заборави на идиотот што ѝ го скршил срцето.

Прочитајте ги и следниве 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар