Работи што не треба да ги кажувате доколку сакате да го добиете работното место

Работи што не треба да ги кажувате доколку сакате да го добиете работното место

Разговорот за работа е навистина стресна ситуација во која луѓето можат да кажат сешто. За ова се свесни и работодавците, па обично ги занемаруваат ситните пропусти и непромислените изјави. Но, постојат некои работи преку кои нема да ви прогледаат низ прсти. Па доколку сакате да го добиете работното место, немојте да ги кажувате овие 4 работи.

Работи што не треба да ги кажувате доколку сакате да го добиете работното место

1. Немојте да го наведувате перфекционизмот како мана

Ова е стар трик што нема да импресионира никого. Секој работодавец безброј пат налетал на оваа „мана“, која всушност е предност. Во овој случај, најдобро е да бидете искрени. Работодавците секогаш повеќе ќе ценат личност која отворено зборува за своите мани, наместо некој кој ги истакнува само своите предности.

2. Не озборувајте го поранешниот работодавец

Доколку на претходното работно место сте имале лош шеф, на разговорот за новата работа веројатно ќе бидете под искушение да коментирате за тоа. Но обидете се да се воздржите бидејќи нема да импресионирате никого со озборување. Доколку сепак ви излета нешто лошо, обидете се да го ублажите со нешто позитивно.

3. Не кажувајте дека тоа ви е единствена опција

Никогаш не откривајте им на работодавците дека тоа е единствената работа за којашто сте пријавени. Подобро е да кажете дека разгледувате други опции, дури и ако тоа не е вистина. Можеби е добро да бидете искрени, но оваа лага нема да направи штета, а вам ќе ви ги зголеми шансите да ја добиете работата. Исто така, работодавецот може да помисли дека не сте сериозни доколку сте аплицирале само за една работа.

4. Не спомнувајте го годишниот одмор

На разговорот за работа сосема нормално е да се разговара за работата и платата. Но сè додека не сте сигурни дека ќе ја добиете работата, не прашувајте за годишен одмор.

Погледнете и некои од најважните совети за интервју за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар