Работи што ги прави една љубовна двојка
Вие двајца се сакате, меѓусебно се поддржувате, луѓето ве препознаваат како љубовна двојка, сродни души сте… Но, има некои работи кои (не)свесно ги правите како љубовна двојка кои се непријатни за другите луѓе околу вас.
Бебешки имиња и имиња на миленичиња
Цуци, муци, буци, бебе, сонце, сончко, миличко, златичко, мило, златце, злато мое, душичка… и уште толку многу прекари на кои им е местото кога сте вие двајца заедно, а никако пред пријателите и роднините. Некои двојки тоа го прават намерно, со цел да видат другите колку тие се сакаат, а некои се обраќаат така и кога се сами заедно. Како и да е, ако слушнат вашите пријатели како дечкото си го викате со името „сончко“ или девојката ја викате „миличко“, верувајте дека ќе им биде непријатно. Роднините ќе се чувствуваат незгодно и непријатно кога ќе слушнат како вие го нарекувате нивниот внук.
Златото мое ќе дојде со мене во шопинг.
Ова е реченица која пријателката не сака да ја чуе. Пријателите ќе ве озборуваат, другарите ќе ви се смеат, а вие тоа не го сакате, нели?
„Ние никогаш не се караме“
Некои парови сакаат да се фалат пред пријателите дека тие никогаш не се караат. Ова е најголемата лага што ќе ја чуете. Тоа го прават за пријателите да помислат дека тие се совршен пар, кај нив се е совршено, а сите знаете дека совршенство не постои. Еве ја вистината: оние кои се во среќна врска, се караат. Не секогаш, се разбира, ама недоразбирања мора да има дури и ако сте сродни души. Тоа понекогаш се „здрави кавги“ кои ќе ја зацврстат врската. Целта на овие кавги не е да се сфати што се случило и зошто се караме, туку да се обидеме тоа да не се случува повеќе во иднина.
„Јас не одам на забава без него/неа“
Ова е највознемирувачката работа што некои парови ја прават. Ако една девојка е во врска со некое момче, не значи дека и тој е поканет на забавата кај нејзината најдобра другарка и обратно, ако тој има тазе врска, не значи дека и девојката треба да дојде. Ова се однесува повеќе за тазе, нови врски во кои новата девојка/момче не се знае доволно со пријателите на партнерот, а забавата е тематска. На пример, повторно соединување на пријатели од средно школо, факултет, некој курс и слично. Тука не би требало да присуствуваат партнери на поканетите. Освен што е непристојно, оставате впечаток дека не ги почитувате доволно луѓето кои ве поканиле. „Ние сме како еден човек. Не одиме никаде разделени“ е реченица која вознемирува и секогаш остава погрешен, лош впечаток за вас.
Местенки
Ако вие сте во долга љубовна врска или сте го нашле човекот на вашиот живот, не значи дека и пријателите кои немаат партнер го сакаат истото. Некои се фокусираат на кариерата, некои не сакаат да се врзуваат… тоа е нивен избор. Не значи дека треба да си дадете за право да ги местите со пријатели на партнерот кои исто така не се во врска како и вашата пријателка. Тоа е некултурно. Треба доволно добро да ги знаете двете личности пред тоа да го направите. Ако веќе го направите еднаш, обидете се да не го правите тоа на секое ваше следно излегување.
Константно бакнување и разменување нежности
Разменување страсни бакнежи, нежности во јавност и флертувања се работи кои не треба да ги правите пред вашите пријатели. Освен што ќе ги посрамотите вашите блиски пријатели, тоа дава знак дека не знаете да комуницирате со другите кои се наоѓаат на маса со вас. Тоа е исто знак дека не сте сигурни во вас во однос со партнерот. Ако сакате да ги задржите пријателите, обидете се да се воздржите од ова, барем додека не отидете дома.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.