Работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите

Работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите

Интересни факти за сите оние кои се вљубени, биле вљубени или планираат наскоро да се вљубат, склопени во едно фантастично двеминутно видео.

  • Љубовните состаноци коштаат околу 1529-2129 долари годишно.
  • Мажите обично знаат дали се заинтересирани за личноста или не, после 15 минути од состанокот. Жените ја донесуваат таа одлука за околу еден час.
  • Само 9% од жените и 2% од мажите започнале љубовна врска во бар или во ноќен клуб.
  • Мажите трошат околу 50 американски долари на еден состанок. Жените од друга страна, трошат помалку од 25 долари. Но затоа пак, 65% од жените трошат 50 долари или повеќе за да се дотераат пред состанок.
  • 51% од луѓето се служат со ласкање за да му сигнализираат на потенцијалниот партнер дека се заинтересирани. 25% од луѓето за таа цел, остваруваат физички контакт. На 23% од луѓето пријателите им „местат“ момче/девојка.
  • Кај тазе вљубените луѓе се лачат допамин и окситоцин. Истата хемиска реакција е пронајдена и кај новите мајки. Окситоцинот е толку моќен, што може да предизвика странец кој ќе стапи во некаков контакт со вас, да ви изгледа привлечно.

Работи кои треба да ги знаете пред да се заљубите

  • Љубовта е складирана на исто место во мозокот каде што се сместени нашите навики и секојдневни рутини. Затоа, не е воопшто чудно што страста толку лесно може да се претвори во љубовно приврзување.
  • Бараме партнери со различна генетика од нашата преку сетилата за мирис и вкус.
  • Додека се бакнуваме, разменуваме комплицирани хемиски и физички информации. Бакнувањето е добро за нашето ментално и физичко здравје и ни го подобрува имуниот систем. Воедно, бакнувањето ја зголемува продукцијата на плунка, која го намалува забниот камен и го одржува здравјето на вашата усна празнина.
  • Генетички сте предодредени да се заљубите. Затоа сторете го тоа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. KURLE Reply

    NO.

Остави коментар