Работи кои мажите некогаш би ги избрале попрво од секс

Работи кои мажите некогаш би ги избрале попрво од секс

За мажите се прилепуваат различни етикети во врска со сексот, како тоа дека на секс помислуваат на секои 7 секунди или дека кога жена ќе им се понуди, ретко кога би можеле да ја одбијат. Но, во суштина, и мажите се човечки битија кои покрај оваа потреба имаат и други, па и такви кои во одредени ситуации се посилни и поради тоа попрво би ги избрале нив одошто „да снимаат“ жешка сцена под чаршафите.

raboti-koi-mazhite-nekogash-bi-gi-izbrale-poprvo-od-seks-kafepauza.mk

Спиење

Скоро ниеден маж никогаш не рекол „не, фала“ на покана за секс, но ако некогаш сте учеле цела ноќ или сте работеле дупла смена, знаете дека може да биде тешко да ги држите очите отворени, дури и кога понудата за секс се наоѓа точно пред вас. Но, затоа пак ако тогаш не дојде до секс, шансите за утрински одморен секс, се доста големи.

Мастурбација

Да бидеме искрени, сексот бара труд и време, како и силен фокус на партнерот. Од другата страна мастурбацијата е едноставна, не бара многу напор, а посветеноста е само на себе. Одлична варијанта кога момците сакаат да се опуштат пред да легнат да спијат. Не е гламурозно и секси, но зарем за секој оргазам мора да биде така!?

Јадење

Сексот е физичка активност, а кога стомакот е празен, тој не може да биде баш најдобар. Ако се гладни и не се во состојба да функционираат, парчето пица веројатно ќе им делува подеднакво примамливо како и жена која се обидува со поглед да ги заведе во спалната соба.

Туш

Ако го поминале цел ден во кревет имајќи секс, тоа може да биде доста напорно за нивниот пенис. После четвртиот оргазам, тушот е повеќе од неопходен.

Неограничен лимит на картичката

Прашањето од милион долари гласи: Дали маж би се сложил на неограничен извор на пари, под услов никогаш повеќе да нема секс? Размислете за тоа.

Орален секс

Понекогаш, само тоа е она што го сакаат.

Гледање телевизија

До ова би дошло само ако се болни, и тоа до тој степен што не можат да станат од кревет. Во друга ситуација тие би одбиле секс, доколку денот им бил до толку лош што едноставно не можат со никого да комуницираат.

Летање со хеликоптер

Можеби звучи чудно, но повеќето мажи имале секс, а никогаш немале прилика да управуваат со хеликоптер. Но, момците сепак би одбрале некоја возбудлива авантура пред секс. Ова не важи за пилотите, бидејќи за нив тоа е само работа, а ниеден маж пак не би ја избрал работата попрво од сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар