Работен моден водич: Носете ги пантолоните на топ 6 шик начини
Пролетта и убавото време конечно ни пристигнаа, а вие се прашувате што би можеле да облечете за на работа. Не е лесно секогаш да ја пронајдете комбинацијата во која ќе изгледате шик, но и работно. Токму затоа насочете го вашето внимание на предлозите кои ви ги нудиме и не мора да се грижите за недостатокот на инспирација.
1. Црната туника без ракава и црни, лесни, ѕвонарски пантолони, создаваат една примерна комбинација, која истовремено изгледа и доста модерно. Црниот шешир и црните чевли со шпиц кои би можеле да ги вклопите во оваа комбинација ни докажуваат дека комбинацијата во црно не е досадна, туку има доста предности од кои една е дека ја издолжува фигурата.
2. После црната комбинација, ви предложуваме една потполно светла комбинација. Повторно ѕвонарски пантолони и чевли со шпиц, а белата кошула и лесниот беж мантил се безвремени парчиња кои мора да ги имате во својот гардеробер. Сите заедно делуваат многу скапоцено, а истовремено така едноставно и лежерно!
3. Костимите и тоа како може да бидат интересни, а сè зависи од кројот и материјалот. Исто така, чевлите не мора секогаш да бидат во црна, сива или беж боја. Првата комбинација е олицетворение на ултра модерна работна жена, додека за другата комбинација одлучете се доколку одите на работна вечера.
4. Кожните пантолони и оваа сезона не излегуваат од мода. Во моментов најпопуларниот модел на чевли, блуза и сако се секогаш добар избор кога не сте сигурни што да облечете за на работа. Интересно е да ставите чанта која е доста впечатлива и која ќе ја „отвори“ целата комбинација. За вашите работни прилики ќе ви биде потребна малку поголема чанта, па внимавајте на ова додека го избирате новиот модел.
5. Цветниот комбинезон од лесен материјал кој личи на кошула и високи пантолони, е парче кое дефинитивно би сакале да го облечете на работа оваа пролет. Разлетано, удобно, шик и идеално за да се пофалите до каде сте ја усовршиле вашата фигура оваа зима, зар не? Никогаш немојте да ја потценувате силата на сината и црвената боја.
6. Широките и високи пантолони, со необичен крој, комбинирајте ги со обична памучна блуза. Ќе направите вистински баланс помеѓу лежерно и работно, а исто тако ќе се чувствувате и удобно. Тегет бојата е идеална за пролет, одлично се комбинира со црни сандали, но за да не биде едноставна, надополнете ја со некој подолг ѓердан во златна боја.
Иако фустанот и здолништето се еднакво добар избор, како што може да видите од нашите предлози и во пантолони можете да изгледате потполно неодоливо.