Работата од дома создава стрес и караници

Работата од дома создава стрес и караници

Иако примарна цел на оние луѓе кои прифаќаат да работат од дома им е поминувањето на поголемиот дел од времето со своето семејство, како и заштеда на некој денар на сметка на превозот и храната, сепак, последните истражувања докажуваат дека е неопходно да излегувате од дома за да ги наполните батериите и да ги избегнете непотребните кавги и недоразбирања.Работата од дома создава стрес и каранициИнститутот „Rensselaer Polytechnic“ од Њујорк открил дека работата од дома исцрпува повеќе од онаа на работното место. Нивната цел била да го докажат стресот при мешање на приватниот и професионалниот живот. Докажано било дека четири од пет работници кои имаат работно место надвор од домот, се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги ускладат семејните и работните обврски, а оние кои работат од дома се во уште полоша состојба.Работата од дома создава стрес и караници Нивниот најголем проблем се куќните обврски, кои не стигнуваат да ги завршат иако се дома, како и караниците со домашните, поради долгиот период поминат заедно во истиот простор. Колку повеќе домашните проблеми и караници се мешаат со работните обврски, толку поголем е стресот врз лицето кое работи од дома. Па така, иако технологијата овозможува работење од дома, сепак треба да убаво да се размисли дали е паметно да се одбере ваква опција.

Што мислите вие? Работењето од дома е придобивка или недостаток на јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот?
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар