Претходно
Путер од јаткасти плодови и нутела
Многу вкусен путер, како да е создаден за да го мачкате на лепче секое утро…Потребно е:
- 3 големи лажици путер од кикирики
- 4 големи лажици нутела
- 2 лажици мед
- 120 г мелени ореви
- 120 г мелени бадеми
- 120 г мелени лешници
- 120 г мелено семе од сончоглед
Подготовка: Во длабок сад ставете ги мелените јаткасти плодови. Ставете ги медот, нутелата и путерот од кикирки и целата смеса добро измешајте ја за да се соедини сосема. Овој процес е малку потежок, заради времето потребно додека да се соединат состојките и малку напорното мешање со оглед на полутврдата состојба на путерот од кикирики и нутелата. Кога убаво ќе ги измешате состојките, добиениот путер ставете го во чиста тегла. Чувајте го во фрижидер додека да го потрошите целиот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.