„Путер крем“ русокоса: Комбинација идеална за „први прамени“ и за сите што сакаат освежување
Ако барате нова боја на коса, една од опциите е да се префрлите на светлата страна. Ако веќе сте на таа страна, тогаш сменета ја нијансата.
Еден од моментално популарните трендови во светот на боите на косата е „путер крем“ русокоса. За што точно станува збор? „Путер крем“ русокоса е комбинација на прамени во боја на шампањ, мед и бебешка руса коса – игра на топли и ладни нијанси.
Комбинацијата изгледа многу природно и одговара на секој тен на кожата и е идеална за „први прамени“ или за оние кои сакаат освежување, но не сакаат да бидат целосно русокоси. Оние што веќе имаат руса коса, може да додадат боја на мед и шампањ и да ѝ дадат кремаста нијанса на косата.
Иако оваа нијанса е најлесно да се добие ако сте русокоса, тоа не е невозможна мисија ниту за бринетите. Важно е само да се консултирате со вашиот фризер кој најдобро ја знае вашата коса и да ги почитувате неговите предлози. Тоа е одличен начин да преминете во светот на русокосите ако имате посветла кафеава коса.
Кога станува збор за одржување на бојата, многу е полесно ако имате посветла коса. Тогаш, ќе треба да одите на фризер на секои осум недели. Меѓутоа, ако вашата природна коса е потемна, малку почесто ќе има потреба од тоа.
Покрај тоа, за вашата нова боја треба да изберете добар шампон и регенератор за бојадисана коса. Исто така, повремено негувајте ја косата со маска.
Во продолжение погледнете како изгледаат „путер крем“ русокосите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете ги овие 6 фризури за кратка коса што ќе бидат повторно во тренд.