Пудрата во прав ги истакнува брчките: Погледнете како да ја избегнете оваа грешка

Пудрата во прав ги истакнува брчките: Погледнете како да ја избегнете оваа грешка

Со текот на годините, начинот на шминкање треба да се менува. Наместо да користите јака шминка, таа треба да биде понежна и поблага. Најчестата грешка која ја правите, со цел да ги сокриете брчките, е претераното користење на пудра во прав или камена пудра.

1-pudrata-vo-prav-gi-istaknuva-brchkite-poglednete-kako-da-ja-izbegnete-ovaa-greshka-www.kafepauza.mk_

Жените често мислат дека со поголема количина пудра во прав или камена пудра ќе ги прикријат недостатоците и тоа навистина изгледа така во моментот кога ќе завршите со шминкањето. Меѓутоа, еден дел од шминката се впива, а другиот се топи, па пудрата во прав се вовлекува во брчките и вдлабнатините. Така, дури и оние ситни и невидливи брчки, ќе станат видливи, како исцртани на лицето, и наместо да ги сокриете, вие всушност ги истакнувате, а лицето ви изгледа постаро и без свежина.

Шминкерите советуваат дека за да се прикријат брчките најдобро е да се користи кремаста течна пудра, а пудрата во прав или камената пудра да се користи во минимални количини и никако да не се нанесува на делот под очите.

2-pudrata-vo-prav-gi-istaknuva-brchkite-poglednete-kako-da-ja-izbegnete-ovaa-greshka-www.kafepauza.mk_

Доколку вашата кожа е масна, треба да користите течна пудра со мат ефект, а пудрата во прав да ја нанесете за да го прекриете сјајот кој се појавува на носот и брадата, но во многу тенок слој. Исто така, поправањето на шминката на овој начин не се препорачува повеќе од два пати во текот на денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар